Билчик: Очекуваме од Србија јасни црвени линии кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, истакна дека ЕУ очекува сите земји кои пристапуваат, вклучително и Србија, да постават црвени линии кон Русија и нејзините официјални лица.

Билчик на Твитер истакна дека ЕУ сака Србија да ја избере Европа.

„Војната не е време за двосмисленост. Сакаме Србија да ја избере Европа и да изгради доверба со европските партнери. Институциите на ЕУ очекуваат од сите сериозни земји-пристапнички, вклучително и Србија, јасни црвени линии кон Русија и нејзините политички претставници додека Москва продолжува со бруталниот напад врз Украина“, нагласи Билчик.

Слични содржини