Билчик: Политичката ситуација во Србија не е таква каква што треба

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик изјави дека политичката ситуација во Србија не е онаква каква што треба, наведувајќи дека е важно да има стабилност бидејќи отвора простор за реформи.

Билчик вчера пред новинарите во Брисел изјави дека нормализацијата на односите со Приштина, заедно со спроведувањето на реформите, е клучна за напредокот на Србија на европскиот пат, пренесе „Јуронујз“.

„Сите знаеме што мора да се направи, тоа е нормализација на односите со Приштина. Знам дека тоа не е само во рацете на Белград, туку и во рацете на Приштина во овој момент“, изјави Билчик.

Тој изјави дека реформите се на второ место и додаде дека тоа е „задача на владата, парламентот и општеството“.

„Во овој момент, кога ја гледам политичката ситуација во Србија, не е она што треба да биде. Важно е да има стабилност, што отвора простор за реформи“, рече Билчик.

Слични содржини