Билчик: Србија да донесе јасни одлуки, не е време за нејаснотии

од Stefanija Kuzmanovska
169 прегледи

Известувачот за Србија во Европскиот парламент, Владимир Билчик, денеска изјави дека тој и ЕУ се надеваат дека „Србија ќе донесе јасни одлуки“.

„Не е време за нејаснотии и Србија мора да остане на европската маса. Се надевам дека оваа порака не само што ќе одекне, туку дека ќе се слушне и сега кога се разговара за формирање нова влада“, рече Билчик.

Во Европскиот парламент во Стразбур денеска на дневен ред е дебатата за проширувањето и извештајот на хрватскиот пратеник Тонине Пицула за ваквата политика на Унијата.

Она што е најважно за Билчик, како што вели, е да види дали Србија е посветена и колку е сериозна за членство во ЕУ.

„Таа посветеност треба да биде целосна, конзистентна, јасна и тоа е единствениот начин да имаме меѓусебна доверба, заедничка иднина. Се надевам дека изборот што Србија го направи пред неколку години за членство во ЕУ ќе остане јасен и сега кога сме соочени со руски напад во Украина и кога целата Унија е под руски напад“, рече Билчик.

Слични содржини