Билчик: Западниот Балкан и проширувањето ќе бидат меѓу главните теми на агендата на посетата на Меркел

од Берта Китинска
226 прегледи

Динамиката на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Блакан ќе продолжи и во текот на следниве шест месеци за време на германското претседавање со Унијата, изјави известувачот на Европскиот парламент за Србија, словачкиот европратеник Владимир Билчик.

– Западниот Балкан и проширувањето ќе бидат меѓу главните теми на агендата на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Европскиот Парламент на 8 јули, истакна Билчик.

Според него, одлуката на Европскиот совет за давање зелено светло за страт на преговорите за членство во Унијата со Северна Македонија и Албанија, како и отворањето на последното поглавје од преговорачкиот процес со Црна Гора, дале нов интензитет на процесот на проширување на ЕУ.

Што се однесува до Србија, Билчик смета дека новата Влада што ќе се формира по неодамнешните избори, ќе треба да ги спроведе суштинските реформи кои се неопходни за напредок на земјата во преговирте со ЕУ, како и да се насочи кон обнова на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Слични содржини