Билд: Ако секој во ЕУ ја наметнува својата „историска вистина“, нема да видиме напредок со генерации

од Vladimir Zorba
221 прегледи

„Ако некаков ЕУ напредок на Балканот зависи од тоа една или друга држава да наметнува некаква „историска вистина“, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи во рок од една или две генерации“, напиша поранешниот шведски премиер Карл Билд, кој важи за одличен познавач на Балканот, а во врска со спорто меѓу Македонија и Бугарија.

Се поизвесно е ветото на Бугарија за стартот на преговорите поради барањето на нашиот источен сосед да ги признаеме бугарските корени на македонскиот јазик и идентитет.

„ Ние не го оспоруваме нивното право на самоопределување, ниту нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. Подготвени сме повторно да ги потврдиме моменталните реалности, но тие мора да ја признаат историската вистина “, изјави првиот бугарски дипломат, Екатерина Захариева за Ројтерс.