„Билд“: Економскиот просперитет на Германија е во опасност

Американската економија, за споредба, остварила раст од дури три проценти во истиот период.

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Германската федерална служба за вработување објави дека бројот на невработени надминал три милиони, а ова не е единствената лоша вест, со оглед на тоа што германската економија паднала за 0,3 проценти во вториот квартал од оваа година, па може да се каже дека економскиот просперитет на земјата е во опасност, пишува „Билд“ денес.

Американската економија, за споредба, остварила раст од дури три проценти во истиот период.

Според весникот, рецесијата во Германија трае веќе три години, што никогаш не се случило во историјата на Сојузната Република, и нема знаци на подобрување на повидок.