„Билд“: Крос се повлекува од репрезентацијата и не е единствениот што ќе го стори тоа

од Stefanija Kuzmanovska

ТОНИ КРОС (31) би можел да се повлече од германската репрезентација, пишува „Билд“.

Германија вчера беше нокаутирана во осминафиналето на Евро од Англија, која победи на „Вембли“ со 2-0 со головите на Рахим Стерлинг и Хари Кејн.

Крос игра за Германија од 2010 година и досега има одиграно 106 натпревари и постигнато 17 голови.

Играчот за врска на Реал беше светски шампион во Бразил со Германија во 2014 година.

„Билд“ додава дека уште неколку играчи би можеле да се повлечат од репрезентацијата на Германија.
Ова ќе биде проблем за новиот селектор Ханси Флик, кој ќе ги предводи Германците на Мундијалот во Катар следната година.

Слични содржини