Македонски државјанин ја прободел својата сопруга пред внукот и ќерката во стан во Германија, пишува германски „Билд“.
Како што пишува германскиот медиум, немилиот настал се случи во саботата во Дорстен, кога дедото и бабата дошле во посета на ќерката и внукот. Како што пренесува „Телеграф“, избувнала кавга во станот, по што дедото (43) ја избодел својата сопруга (42).
Децата и соседите гледале како жртвата со убодни рани бега од сопругот и колабирала пред станот. Сведоците и пришле на помош и повикале полиција.
„Млада жена која живее таму со бебе, раскина со своето момче затоа што ја претепа. Често слушавме викање и шлаканици“, изјавил сосед за Билд.
Меѓутоа, нејзиниот татко наводно не се согласувал со разделбата, поради што веројатно се скарал со неговата сопруга.
Откако била избодена од сопругот, жртвата искрварена избегала низ ходникот, додека сопругот ја бркал.
„Во моментот кога трчаше по ходникот, ја отворив вратата од станот бидејќи ја чекав сопругата. Тој застана пред мене, со нож во рацете. Сакаше да влезе внатре, но јас брзо ја затворив вратата“, рекол друг сосед, стои во текстот.
За среќа, мајката и бебето се неповредени. Полицијата го уапсила дедото на лице место и го однела во полициска станица на распит.
Повредената жена преживеала, откако е оперирана и нејзиниот живот повеќе не е во опасност.