273
Борис Бекер, еден од најдобрите тенисери во историјата на „белиот спорт“ и шесткратен победник на Грен слем, е осуден на две и пол години поради финансиски малверзации и даночно затајување, а судењето не можеше да помине без драма.
Имено, како што објави германски Билд, на Бекер му се слошило по изречената пресуда, поради што паднал на подот од судницата.
Набргу потоа, по интервенција на присутните, тој успеал да се освести и да го дочека крајот на пресудата.