17
Дваесет и шестгодишен маж осомничен за злосторството на фестивал во Солинген, каде загинаа три лица, а осум беа повредени, синоќа и се предал на полицијата, пренесува германски Билд.
Весникот наведува дека осомничениот, потопен од дожд и со облеката сè уште натопена во крв, им пришол на полицајците и им рекол: „Јас сум тој што го барате…“.
Германската полиција утрово соопшти дека уапсила маж осомничен за напад во градот Солинген, дека е Сириец и дека го признал делото.