„Билд“ со брутален напад на Синер: „Триумф со вкус на допинг!“

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен и освои два последователни Гренд слем турнири, откако исто така беше најдобар на УС Опен. И покрај неговите успеси, Италијанецот е под притисок поради допинг скандалот, кој фрла сенка врз неговите достигнувања.

Откако стана јасно дека Синер бил позитивен на допинг тест, но не беше казнет бидејќи докажал дека ненамерно ја земал забранетата супстанција, тениската заедница имаше бурни реакции.

Многу други тенисери се казнети во слични околности и исто така тврдат дека случајно ја земале супстанцијата, но никој од нив не е помилуван.

Германскиот весник „Билд“ беше остар во критиките кон Синер по неговата победа на Австралија опен. Во написот со наслов „Триумф со вкус на допинг“, публикацијата ја истакнува неправдата на ситуацијата.

„Фактот што Синер освои втор последователен Гренд слем турнир, по УС Опен, е фарса за многу тенисери, експерти и тениски фанови. Многу е необично што му е дозволено да ја брани титулата“, пишува „Билд“.

Слични содржини