Ерменците му се заблагодаруваат на Бундестагот за признавањето на геноцидот.
Турција подготвува решителни мерки во однос на Сојузната република во одговор на усвоената од германскиот Бундестаг резолуција за геноцидот над Ерменците во Отоманската империја, пишува тиражниот . “Билд”. Весникот го цитира прес секретарот на турскиот претседател дека “надлежните органи, на прво место министерството за надворешни работи, работат на план за акција”. Детали од него ќе бидат објавени, откако со документот се запознаени претстедателот и премиерот на Турција. Турција подготвува барем 3 судски процецс против 11 пратеници со турски корени во Бундестагот, посочува “Билд”.
. Пратениците со турско потекло ќе бидат обвинети за јавна дискредитация на турската нација, турската република, пред големото национално собрание на Турција, турската влада и државни судски орган. На 2 јуни германскиот парламент усвои резолуција со која масовните убиства на Ерменците во 1915 година од страна на отоманските сили е признато за геноцид. Резолуцијата беше одобрена само со еден глас против и еден воздржан. Во нејзина поддршка гласаа сите пратеници од турско потекло. Иницијатор на дебатите во темата, заедно со владејачкото мнозинство, беше лидерот на Партијата на зелените Џем Оздемир. Масовните масакри на Ерменците се извршени во екот на Првата светска војна / 1914-1918 година /, кога Отоманската империја е сојузник на милитантна Германија.