Били Ајлиш доби „Греми“ за „No Time To Die“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
724 прегледи

63-тата престижна церемонија на доделувањето на Греми наградите ќе се одржи вечерва во Лос Анџелес. Младата уметница Били Ајлиш ја освои наградата во категоријата најдобра напишана песна за визуелни медиуми, односно во нејзиниот случај, песна за филм за славниот агент 007, што е последното продолжение на оваа франшиза.

Имено, поп-sвездата ја сними насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд „No Time To Die“.

Ова е нејзина петта Греми победа во кариерата и прва победа на вечерта. Имајќи предвид дека се работи за награда за текстописци, заслужено беше награден и нејзиниот брат Финеас.

Нивната песна ги надмина сите други номинирани во оваа категорија, вклучувајќи ги Тејлор Свифт и Ендру Лојд Вебер; Бренди Карлајл, Фил Хансерот и Тим Хансерот; Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез; и Синтија Ериво и Џошуа Брајан Кембел.

Били сеогласи и на својот профил на Инстаграм, каде рече: „Греми? Благодарам, благодарам, благодарам! Колку неверојатен почеток на денот “.

Слични содржини