Пејачката двојка Били Ајлиш и Џеси Радерфорд раскинаа по седум месеци врска. Тие за прв пат се појавија заедно во јавноста минатиот октомври, а потоа во ноември ја официјализираа љубовта на Инстаграм.
Тие привлекоа големо внимание со своите необични креации, појавувајќи се заедно на различни настани за краткото време колку што траеше нивната романса. Тогаш нејзиниот претставник за медиуми ги потврди гласините дека се „паднало во вода“.
Последен пат беа видени рака под рака во април на „Коачела“, но набрзо решија дека се подобри само како пријатели. Дотогаш тие беа „под микроскоп“ поради разликата во годините, за која се сомневаат дека на крајот била одлучувачки фактор.
Имено, Џеси е една деценија постар од Били, а сигурно имало и такви кои го предвиделе нивниот брз колапс поради тоа, но и „стравовите што ги има Ајлиш на тоа поле“.
Таа еднаш, поточно во декември, изјави дека заљубувањето е „многу страшно“ за неа и дека и е „тешко да постигне подлабока врска со некого“.
Сепак, таа беше возбудена за тоа што се случува во изминатиот период и максимално уживаше со Џеси.