296
Младата музичка ѕвезда, која неодамна освои неколку Греми статуетки, на својот профил на Инстаграм објави дека ќе настапи и на доделувањето на Оскарите.
Оскарите се закажани за 9 февруари, во Лос Анџелес, а покрај Били, ќе настапат и Елтон Џон, Криси Мец, Ајдина Мензел, Синтија Ериво. За разлика од нив, Ајлиш не е номинирана за музичките оскаровски категории.
Публиката засега само претпоставува дали таа ќе настапи со некој од своите големи хитови или пак, ќе презентира нешто сосема ново за оваа пригода.