Биљали: Македонија се води по тотално источни методи, а се продава некој „лажен панамериканизам“ што не соодејствува со реалноста

-Кинезите барем имаат економски напредок, истакнува Биљали

од Nikola Popovski
54 прегледи

„Македонија се води со тотално источни методи, а се продава некој лажен панамериканизам што не соодејствува со реалноста“, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали по гласањето во Обединетите нации во кое Македонија беше една од само 7-те земји кои не поддржаа укинување на американското ембарго врз Куба.

Според него, „фасада“ е дека сме западноориентирани, а функционираме тотално источно.

-Да не кажам по руско и кинеско влијание. Кинезите барем имаат економски напредок, истакнува соговорникот во разговор за „Локално“, додавајќи дека државата си има свој интерес.

Македонија повторно гласа како САД во ОН: „Таквиот полтронизам и потчинетост не е никаква гаранција“