Личниот живот на Мадона можеби и не е сосема во ред, додека таа се бори за старателството над еден од синовите со нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи, но на професионален план таа останува апсолутната модна икона. За тоа е доказ и нејзината последна титула, која и беше доделена од списанието “Billboard”, имено – жена на годината!

“Мадона е една од ретките супер-артисти, чија кариера има големо влијание и се протега надвор од музичката сцена. Со својата неверојатна креативност, иновации и посветеност на филантропски цели, таа е инспирација за стотици милиони ширум светот, додека во меѓувреме нејзината музика ги соборува сите рекорди.
Таа е важен феминист, единствена од ваков вид, која ја користи нејзината влијателност за да ја менува перцепцијата за жените, за нивната сексуалност, квалитети и еднакви права”, изјави претседателот на медиумската компанија “Billboard Media Group”, Џенис Мин.

58-годишната поп кралица имаше доста успешна година, додека на професионален план се фокусира главно на нејзината турнеја “Rebel Heart” што успева да импресионира и да развесели милиони. Во меѓувреме, таа не запира и со нејзините хуманитарните потфати, како што во моментов гради институт за педијатриска нега во Малави, кој треба да биде отворен во 2017-та година.

Мадона ќе ја добие наградата од “Billboard” на свечената церемонија на 9 -ти декември во Њујорк.