Билт за инцидентите во Звечан: „Никогаш не било полошо“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Ова е најлошото што е видено на Косово по многу години. Српските милитанти на северот на Косово ги напаѓаат силите на НАТО и раниле единаесет од нив. Циклусот на ескалација мора да се скрши и тоа брзо, сподели на Твитер Карл Билт, шведски политичар и дипломат за настаните во Звечан.

„Насилство, пукање и солзавец по интервенцијата на КФОР. Неколку повредени припадници на КФОР се видени на улиците на Звечан по интервенцијата за растерување на српските демонстранти во Звечан“, стои во описот на видеото кое го објави РСЕ.

Ситуацијата во Звечани на Косово ескалира во понеделникот попладне – фрлен е солзавец, а толпата возврати со камења и шишиња. Демонстрантите се судрија со припадниците на КФОР.

КФОР бара да се ослободи преминот за возилата на специјалната единица на косовската полиција да го напуштат местото пред општината, што Србите не го дозволија и покрај повиците на Српската листа.

Тие бараат сите специјалци да ја напуштат зградата.

Повредени се неколку припадници на КФОР, а не се знае колку се повредени од другата страна.

Исто така, во близина на општинската зграда гореше и службено странско возило, пренесе KoSSev.

Слични содржини