БиоКосмос: Од пепелта кон нови победи

„До моментот на пожарот, рушевме рекорди во продажба и тука нема да застанеме. Со уште поголема мотивација и посветеност, најавуваме пет нови производи до крајот на годината. Ова не е само обнова ова е нов почеток, нова енергија и доказ за нашата иновациска сила и грижа за потрошувачите. Овој пожар не не уништи напротив, не зајакна“

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Нашата фабрика за здрава храна БиоКосмос беше зафатена од катастрофален пожар, како резултат на удар од гром кој опожари околу 80% од објектот – вклучувајќи ги канцелариите, магацините, производната линија и машините. Како компанија, изгубивме речиси сè што материјално сме граделе со години посветена работа. Но, она што не може да изгори е нашата верба, тимски дух и љубовта кон тоа што го работиме, се вели во соопштението на компанијата.

„И покрај големиот удар, не дозволивме тоа да нè сопре. Во рекордно време изработивме план за рестартирање на производството за само 10 дена. Ги реновираме клучните машини, набавуваме нови залихи, започнавме реконструкција на објектот и го мобилизиравме целиот тим со една цел да продолжиме да создававме здрава и квалитетна храна за сите вас.

До моментот на пожарот, рушевме рекорди во продажба и тука нема да застанеме. Со уште поголема мотивација и посветеност, најавуваме пет нови производи до крајот на годината. Ова не е само обнова ова е нов почеток, нова енергија и доказ за нашата иновациска сила и грижа за потрошувачите.
Овој пожар не не уништи напротив, не зајакна.

Биокосмос не е само фабрика. БиоКосмос е заедница, визија и љубов кон здравјето. Искрена благодарност до: Нашиот тим – за обединетоста и борбеноста; Нашите клиенти – за поддршката во најтешките моменти; Нашите добавувачи – за разбирањето и партнерството; Нашите пријатели – за силата и вербата што ни ја дадоа. Се враќаме. Не само што ќе го вратиме тоа што го изгубивме туку ќе изградиме нешто уште поголемо. Поголеми. Посилни. Посветени“, додаваат од БиоКосмос.

Фото: БиоКосмос