Биолошката мајка на Захара Џоли-Пит моли за средба со ќерка ѝ

од Vladimir Zorba
870 прегледи

Биолошката мајка на Захара Марли Џоли-Пит сака да ја види својата ќерка. Ментиуаб Давит Лебисо сака пристап до 12-годишното девојче кое Анџелина Џоли и Бред Пит го посвоија од Етиопија, кога тоа беше само 5-месечно.

Мајката на Захара е свесна дека Анџелина и Бред се грижат одлично за детето, но сепак инсистира да зборува со Захара. Покрај тоа жената знае и за претстојниот развод на холивудската двојка, бидејќи сопствениот ѝ брат живее во Тексас, Америка, и ја информира периодично за настаните околу посвојувачкото семејство на Захара.

“Јас само сакам таа да знае дека сум жива и дека секогаш може да зборува со мене. Не ја сакам назад, туку само мојот сон е да стапам во контакт со неа. Знам дека Анџелина е нејзина мајка многу повеќе од мене. Таа е со неа од бебе, но јас секогаш сум страдала за Захара. Таа ми недостига секој ден. Отсекогаш сум сакала да ѝ го слушнам гласот, да ѝ го видам лицето”, изјави Лебисо.

Ментиуан вели за весникот Mail Online дека копнежот по детето ѝ е  да знае дека таа го сака, дека е горда со него и дека во никој случај не сака луѓето да мислат дека таа проси пари од Џоли и Пит.

31-годишната жена е од централниот дел на Етиопија, од правлив мал град, далеку од главниот град Адис Абеба. Таа живее во екстремна сиромаштија, живее колиба од две соби заедно со 52-годишната мајка.

Етиопката забременува по брутално силување, кога е 18-годишна и до последно ја крие бременоста од семејството. Потоа таа не се омажила и нема други деца.

Џоли пак го здогледува детето во 2005 година во сиропиталиште, каде биле одгледувани деца кои страдаат од дехидрација и неухранетост.

Таму ѝ велат дека мајката на Захара починала од СИДА. Се смета дека Бред и Анџелина немале поим дека Ментиуаб е жива до пред неколку години, кога тим од новинари ја открива во африканската држава и таа им го дава своето прво интервју.

Фото: dailymail.co.uk