Човек може да живее бескрајно долго открија биолозите Брајан Хјус и Зигфрид Хекими од Универзитетот Мекгил во Монтреал, цитирани од агенцијата УПИ.
Експертите ги испитуваа најдолго живите луѓе од САД, Велика Британија, Франција и Јапонија од 1968 година и стигнаа до заклучок дека човечкото тело нема максимална возрасна граница.
“Набљудувајќи ги трендовите можеме да кажеме дека максималниот и просечниот животен век може да се зголемат во блиска иднина”, изјави Зигфрид Хекими.
“Пред 3 илјади години многу од луѓето живееле кратко. Ако им бевме рекле дека еден ден поголемиот дел од човештвото ќе живее до 100 години, ќе да помислеа дека сме луди “, додаде тој.
Во XX в. траењето на живот на Американците се зголемил за околу 30 години меѓу 1900 и 1998 година.
Според Универзитетот Беркли во Калифорнија во 1900 година мажите живееле до 46-годишна возраст, а жените – до 48 години. До 1998 година просечниот маж живеел до 73,8 години, а жената – 79,5 години.
Во модерните времиња мажите живеат 76,5 година, а жените 81,2 година. Во 2015 година за прв пат просечниот животен век се намалил малку со 76,3 година за претставниците на посилниот пол и 81,2 – за понежниот пол . Една од причините се срцевите заболувања.