Бионтек: Нема индикации дека е потребна нова формула за вакцината

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Германската компанија „Бионтек“ денес објави дека вакцината развиена во соработка со „Фајзер“ е ефикасна против разни видови на коронавирус, бидејќи ниту една студија во оваа фаза не укажува на потреба за нова формула.

„До денес нема индикации дека е неопходна адаптација на тековната вакцина на Бионтек против главните идентификувани соеви“, велат од лабораторијата.

Компанијата додава дека тие сè уште развиваат „сеопфатна стратегија за справување со овие видови доколку е потребно во иднина“.

„Бионтек“ наведува дека тестирањето на „модифицираната верзија“ на постојната вакцина започнало во март.

„Целта на оваа студија е да се испита патот по кој би поминале „Бионтек“ и „Фајзер“ доколку САРС-КоВ-2 се промени доволно за да се побара ажурирање на вакцината“, се додава во соопштението.

Слични содржини