„БиоНТек“ уверен во ефикасноста на својата вакцина и против индиската варијанта на вирусот

од Stefanija Kuzmanovska
388 прегледи

Основачот и директор на лабораторијата „БиоНТек“, Угур Сахин, денес изјави дека е „уверен“ во ефикасноста на својата вакцина, развиена со американската група „Фајзер“ и против индиската варијанта на коронавирусот.

„Иако тестовите се во тек, индиската варијанта има мутации кои веќе ги проучивме и против кои делува нашата вакцина“, рече Сахин на онлајн прес-конференција.

Сахин наведе дека „БиоНТек“ ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30 варијанти на вирусот и дека секој пат бил добиен барем „доволен имунолошки одговор“.

Варијантата Б.1.617, која првпат се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји.

Според Светската здравствена организација, Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија се меѓу земјите каде што е потврдено присуството на оваа варијанта на вирусот.

Слични содржини