Антикорупциската комисија ги смета за „личен податок“ прашањата за тоа со колкав имот функционерите доаѓаат на власт, а со колкав имот си одат. Со ова, на јавноста ѝ е оневозможено да знае колкава промена на имотот настанала кај функционерите додека тие биле на власт, пишува БИРН.

jankuloska mijalkov janakieski

Антикорупциската комисија одбива да соопшти со колкав имот дошле, а со колкав имот си заминале од функцијата поранешните министри за транспорт и внатрешни работи, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како и бившиот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Според комисијата, станува збор за „лични податоци, заштитени со закон“.

БИРН, користејќи го Законот за пристап до информации од јавен карактер, од комисијата ги побара анкетните листови за имотната состојба на поранешните функционери – првиот и последниот анкетен лист за имотот.

Образложението на комисијата е дека „именуваното лице повеќе не ја извршува спомнатата функција, односно истото нема својство на избрано/именувано лице, а бараните информации содржат лични податоци кои се заштитени со закон, па нивното откривање значи повреда на заштитата на личните податоци и навлегување во приватноста“.

(…)

Поранешниот член на Антикорупциската комисија, Драган Малиновски, смета дека одлуката на комисијата да не ги објави последните анкетни листови на тројцата функционери е во спротивност со елементарниот принцип на информација за јавноста.

„Никаде не се вели дека оваа информација е јавна само додека тие ја извршуваат функцијата. Содржината на анкетниот лист е јавна и додека тој е на функција и по неговото заминување. Таа не може да биде личен податок, дефинирана е во законот како јавна. Може да се заштитат само матични броеви и адресите, меѓутоа не и целата содржина на анкетниот лист за имотот на функционерите“, дециден е Малиновски.

Според него, небитно е тоа што Антикорупциска одлучила да не ги објавува последните анкетни листови на функционерите на својата веб-страница.

„Тие можат и да го тргнат анкетниот лист од интернет страницата, меѓутоа секој може да оди и да побара, вклучително и медиуми, кој било анкетен лист на функционер, вклучувајќи го и последниот. Тој е јавен и во ниту еден момент не престанал да биде јавен“, смета членот на првиот состав на Антикорупциска.

Текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини