Министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и финската министерка за европски прашања Тити Тупураинен, изјави дека ова е времето и моментот за С. Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.
-Според мене, ова е најдобар можен предлог. Се заштитуваат македонскиот јазик и идентитетот и се оставаат сите билатерални прашања надвор од преговарачката рамка и го отвора процесот на преговори веднаш. Ова е тоа што го сакаме, ова е вашето време, нема подобар предлог на располагање и тоа ќе биде причина за прослава. Затоа што ќе доведе до напредок на целата земја и сите граѓани. Ако не се случи, не знам што да ви одговорам. Во сите договори има компромиси, но овој содржи големи победи за македонскиот народ и земјата, одговори Бирн на новинарско прашање.