Јас сум против лидерски средби на четирите големи партии затоашто тоа е излегување од институционалната рамка која ја одликува секоја нормална држава, вели поранешниот пратеник Сафет Бишевац во емисијата СТУДИО 10 на ТВ24.
-Гледам дека Ковачевски ги повикал на средба во Собранието што може таму плус да се договори навистина не ми е јасно.Албанските партии ќе седнат заедно за да можат да седнат потоа на другата маса и тоа не е ништо ново и тоа е начин на кои тие решаваат дел од нивните барања какво мислење да имаме за тие барања досега сето тоа одело во нивна полза, кажа тој.
Бишевац вели дека има испитувања што покауваат дека добар дел од одговорните луѓе во државата се неписмени за работите што ги вршат, па оттука оваа состојба е сосема очекувана.
По падот на режимот на Груевски Македонија имаше шанса оти на луѓето им беше преку глава. Но, оние кои дојдоа не само што ја убија револуцијата туку и ја уништија надежта кај луѓето.
-Зошто луѓето сакаат да работат во администрација дури иако платите се мали? Оти секогаш има шалтер каде за кафе или 500 денари побрзо ќе си ја завршите работата, вели Бишевац.
Тој вели да е на местото на опозицијата би ја оставил без никаков коментар секоја постапка на власта оти тие се на сигурен пат не само да ги изгубат изборите туку и да ја маргинализираат и самата партија СДСМ од македонската политичка сцена.