1,3K
Ако Заев поднесе оставка, оваа влада не заминува веднаш, потенцира поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац.
Тој во гостувањето на емисијата „24 анализа“ изјави дека владата ќе си остане на функција до избор на нова.
-Тие технички ќе ги прават сите работи, ќе се занимаваат со кризата, ќе расправаат и ќе бараат стратегии. Ако Заев си замине сите министри не ги собираат парталите, иако голем дел од нив треба да си заминат веднаш. Сепак, земјава има Устав и закони и предвидена е процедура за оваа работа, појаснува Бишевац.