275
Алтернатива е блиску до влез во Владата, барем според владиното соопштение. Работите одат во добра насока за нив и се на чекор од тоа, смета поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац во емисијата „24 анализа“.
Тој не мисли дека ова е за спасување на државата од страна на лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
-Флоскулите ЕУ, демократизација, борба против злото се само флоскули и ништо друго. На сцена е еден суров обид за задржување на позицијата на моќ на власта. Во овој момент, повеќе ја диктира ДУИ и Ахмети, отколку самиот Заев. Ништо нема да смени новиот мандатар. Шмикањето на владата со неколку нови министери е само претстава, вели Бишевац.