494
Не размислувам за СДСМ после Заев, но сметам тој не е решение за оваа ситуација, вели поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац во синоќешното издание на емисијата „Клик плус“.
Бишевац за евентуалниот нов лидер на СДСМ изјави дека „едно време мислел дека Стефан Богоев е најдоброто решение за партијата“.
-Тогаш го мислев, и мислам дека тоа сум му го кажал пред многу години, рече Бишевац.
Во однос на Преспанскиот договор и ставот на ВМРО-ДПМНЕ пред и после локалните избори, Бишевац вели дека се е јасно.
-Не знам каков доказ ви треба. Се знае дека останува „Северна“ и тоа е јасно. Ставот на Мицкоски не е различен од однесувањето на Мицотакис, пред и откако стана премиер на Грција, потенцира поранешниот пратеник.