Бишевац: Русија со право ги апси своите граѓани кои протестираат против инвазијата

од Nikola Popovski
488 прегледи

Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац смета дека со право Русија ги апси своите граѓаните кои протестираат против воената инвазија во Украина.

-Во Русија има илјадници луѓе кои протестираат и тоа е доказ дека не е така диктаторско и затворено општество како што се обидува светот да го претстави. Ако е една таква Русија со таква власт на Путин и илјадници луѓе излегуваат на улиците и протестираат против војната, тоа значи дека во државата постои демократски капитал кој што се ефектуира со протести. Да, ќе кажете ги апси, се разбира дека треба да ги апси, рече Бишевац во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини