430
Ова што беа вклучени фингерпринтовите во гласањето е само по себе преседан, вели новинарот и поранешен пратеник Сафет Бишевац во гостувањето на специјалната емисија за локалните избори на Канал 5 ТВ.
Според него, изјавата на претседателот на ДИК дека гласањето на некои места ќе се продолжи е нова работа и влијае на тие што го дале гласот.
-Засега законот беше во објектите до 19 часот, а сега велат ќе се продолжи за тие што се дворот. Некаде има училишни дворови, некаде нема. Мислам дека треба да се внимава, рече Бишевац.