Македонско-руската комора очекува дека Москва ќе воведе контра-санкции за Македонија.
-Не дека ова произволно го кажувам, туку има основа за такво нешто. При санкциите во 2-14 година, кога ЕУ, САД, Канада и Норвешка ги поставија на Руската федерација, во одреден временски период, таа возврати со контра-санкции на овие земји. Каков ќе биде обемот, дали 100% или насочени кон определена гранка во моментов не знаеме, вели извршниот директор на Македонско-руската комора Дејан Бишлиев во емисијата „Трилинг“.
Според него, ваквите санкции најмногу ќе ги почувствуваат примарните земјоделци.
-Тие кои зависат од производите и придобивките на своите производи. Се надевам дека нема да биде голем ефект. Фармацевтската индустрија не би требало да добие санкции, смета Бишлиев.