Бислимоски: Доколку ги прифатиме барањата на компаниите, струјата ќе поскапи за 13%

од Nikola Popovski
340 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика веќе добила барања од операторите за цената на струјата, а доколку сите тие бидат прифатени, нејзиното зголемување од 1 јули ќе биде за 13 отсто. Ова денеска го истакна првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски во изјава за МИА.

РКЕ во наредниот период ќе ги анализира барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

„Доколку ги прифатиме сите овие барања тогаш би значело зголемување на цената на електрична енергија од 12,75 проценти, односно од 13 проценти“, изјавил Бислимовски.

На прашањето колкаво е влијанието од враќањето на стапката на ДДВ од 18 отсто во цената на струјата, Бислимоски рече дека РКЕ носи одлуки без ДДВ и оти ќе се задржи на делот што го регулираат.

За околу две недели од сега ќе бидат познати деталите.

Министерот за економија, Крешник Бектеши пред два дена уверуваше дека граѓаните нема да плаќаат поскапа струја.

-Во текот на јуни ќе седнеме и ќе разговараме за новиот модел. Јас можам од денеска да им кажам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја. Кој ќе биде моделот, сите заедничките ќе го формираме во склоп на енергетскиот совет. Граѓаните нема да плаќаат поголема цена од постоечката од 1-ви јули до крајот на годината, кажа Бектеши на брифинг со новинарите.

Слични содржини