Бислимоски: ЕСМ да испорача 100% електрична енергија за домаќинствата за да се задржи стандардот на граѓаните

од Nikola Popovski
517 прегледи

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на средбата „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој“ организрана на фондацијата „Фридрих Еберт“ упати апел до ЕСМ да ги мобилизра сите капацитети и да испорача 100% од потребната енергија за домаќинставата за да се заштити стандардот на граѓаните.

„Ако до пред некоја година енергетска транзиција беше еко престижот до кој што се стреми секоја земја, денеска во време кога секоја држава во борба за поевтин киловат час ги вклучува повторно сите термоцентрали – вистинското прашање е како да се постигне поголема енергетска независност што ќе ги заштити граѓаните и нивниот стандардот, a во исто време ќе ја поткрепи ранливата економија која е на удар од пандемијата, енергетската криза и денес се соочува и со последиците од руско украинскиот конфликт. Праведната транзицијата РКЕ ја гледа во основа од фер цена и фер потрошувачка. Затоа отвараме процес на реформи на тарифите – воведување на блок тарифи“, посочи Бислимоски.

До крај на месецов истекува рокот до кога енергетските компании треба да ги достават пресметките до РКЕ за нова цена.

Слични содржини