Независноста на РКЕ ја потврди Енергетската Заедници со тоа што четврта година по ред не прогласуваат за број еден регулатор во рамките на енергетската заедница – посочи Марко Бислимовски во денешната комисиска расправа за Финасискиот план за 2022 година.
“Меѓународните признанија од Енергетска заедница и рангирањето дека сме број еден регулатор, како и добиениот статус на членка набљудувач во Агенцијата за доработка за енергетските регулатори на ЕУ е потврда за кредибилитетот и независноста. Овие признанија и статус се добиени по направени темелни анализи од меѓународните тела во кои Рке е посочено дека ја има покажано целосната независност во своето работење” изјави Бислимоски.
Во анализите на Секретаријатот на енергетската заедница стои “ рке покажа највисока експертиза, стандарди во посветеност .. РКЕ покажа подготвеност и способност да се спротистави на потенцијалните влијанија врз независноста и ја одбрани својата автономија.
Силвана Анѓеловска од ВМРО ДПМНЕ обвини дека Рке не се грижи за граѓаните и дека не се заштитени во сметките градинките, на што Бислимоски посочи дека освен што е проширен опфатот на ранливи категории, градинките се заштитени и не плаќаат индустриска цена туку се на регулиран пазар.