Бислимоски: Граѓаните нема да добиваат повисоки сметки заради нередовно читање

од Берта Китинска

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во Студио 10 истакна дека во моментот цените на секој нафтен дериват на светските берзи се исти.

-Сериозно влијание на цената има и курсот на доларот. Одлуките се носат секој понеделник и ако има отстапување плус, носиме одлуки. Денес дизелот го намалуваме за половина денар, безнините за еден денар.

Во однос на струјата, вели дека покачувањето ќе биде 7% или 150-200 денари.Во врска со блок тарифитер тој посочи дека граѓаните нема да добиваат повисоки сметки заради нередовно читање.

-Со новиот концепт на блок тарифите, доколку читањето биде повеќе од 30 дена, за толку дена ќе се зголеми и првиот блок. Има механизам со кој се заштитени потрошувачите. Граѓаните нема да добиваат повисоки сметки заради нередовно читање, рече Бислимоски.

Слични содржини