Претседателот на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, во гостувањето на Топ Тема, рече дека до крајот на јуни ќе се знае дали ќе поскапи цената на струјата. Вели дека има посапка и методологија кои се базирани на економска наука.
-Интересно е што во изминатиов период се појавија многу Баби Ванѓи кои кажуваат како ќе биде и што ќе биде. Ние како РКЕ најодговорно ви тврдам, како човек кој работи во комисијата од 2004 година не знаме колкава ќе биде цената за дистрибуција и пренос на електричната енергија. Ние кои делот го регулираме наскоро ќе го кажеме колку ќе биде. И да се тргнеме на страна колку ќе поскапело и дели ќе поскапело си има постапка и методологии кои се базирани на економска наука по кои се водиме. РКЕ до крајот на месец јуни ќе ги знае конечните цени, вели Бислимоски.