Причина за качување на сметките е покривањето на загубите поради цената на струјата, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за Студио 10.
– Граѓаните забележуваат дека кај некои мрежарината е повисока отколку потрошувачката. ЕВН Хоум откупува струја од ЕСМ и факт е дека таа цена е субвенционирана од државата и е 48 евра за мегават час. Тоа е првиот дел од сметката. Вториот дел кој е повисок е мрежарината. Тоа е пренос, оперативни трошоци, покривање загуби во мрежата и амортизација. Загубите до годинава беа околу 30 отсто. Годинава ЕСМ ги продава загубите за 143 евра или околу 10 денари по киловат, а претходно биле околу 3-3,5 денари. Причина за качување на сметките е покривањето на загубите поради цената на струјата. Во останатиот дел РКЕ ги држи цените. Ако ЕСМ понудел цена од 56 евра, тогаш мрежарината би била пониска за околу 40 отсто отколку сега. ЕСМ се јави на тендер со 143 евра, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за Студио 10 на ТВ24.
Тој потенцира дека доаѓа сериозно тежок период и сите ќе мора да штедиме.
-Гледам дека во јавноста кога се пренесува веста дека во одредени земји препорачуваат да се тушираат кратко – ние се шегуваме, но верувајте ѓаволот ја однесе шегата.Мора да се штеди. Состојбата е тешка ќе има проблеми во Европа, ние треба да сме спремни на се. Мора да се мобилизраат сите ресурси. Франција од извозно орјентирана земја, стана увозно зависна на електрична енергија затоа што затвори нуклеарни централи, кажа Бислимоски.