Имало вообичаени закани по Фејсбук и такви работи, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, за тоа дали имал некакви закани по својот живот пред инцидентот на „Боемска“.
Тој потенцира дека тоа што се случи пред една од кафеаните е првпат вака директно некој да го нападне.
-Закани има. Се закануваа со куршуми по Фејсбук, веројатно некои фрустрации си лечат, рече Бислимовски во гостувањето на емисијата „Трилинг“ и додаде дека после нападот што му се случи не добил никаква закана.
Неодамна Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападна Бислимоски.
Тој беше повикан на сослушување во полициска станица во Скопје, по што беше соопштение дека ќе добие кривична пријава за насилство од МВР.
Џафери барал објаснување од Бислимоски зошто Комисијата за енергетика започнала постапка за одземање на лиценцата на неговата фирма.