Бислимоски: Напаѓачот треба да и се извини на институцијата РКЕ, а не на мене

од Берта Китинска
309 прегледи

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски се уште се консултира со своите адвокати дали да поднесе приватна тужба против лицето кое физички го нападна во вторникот вечерта во угостителски објект во Скопје.

-Напаѓачот не ми се извини мене и воопшто не е битно дали ќе ми се извини или не. Треба да се извини на институцијата, бидејќи јас ја претставувам институцијата. Марко е денес, утре ќе биде Петко, Станко, треба да имаме сите во оваа држава, однос кон институциите, бидејќи институциите ја чинат државата. Интересот на државата е секогаш најбитен и ќе остане вечно, рече Бислимоски во одговор на прашањето дали ќе поднесе приватна тужба до напаѓачот во изјавата дадена во Стопанската комора.

Слични содржини