Бислимоски: Настанот што се случи нема да ја поколеба РКЕ да работиме исклучиво водејќи се по словото на законот

од Берта Китинска
543 прегледи

Енергетскиот систем можел да биде загрозен доколку се злоупотребуваат резервите и наместо за да се балансира системот да се коростат за профит – комерцијални цели – изјави Марко Бислимоски во дневникот на „Сител“.

-Во моментот „У Пауер“ е во т.н нулта фаза. Првиот чекор е да ја извести компанијата дека ќе започне постапка за одземање на лиценца и даваме рок да се произнесат . Рке на 5 август доби допис од Мепсо во кој констатираат злоуптреба на балансната енергија како што е „У Пауер“.Оваа компанија за комерцијални потреби користеле системски резерви кои се за балансирање на системот.Ние превземавме мерки за да го заштитиме електроенергетскиот систем. А кон таков чекор се одлучивме откко Мепсо ни испрати допис и алармираше за „У Пауер“. Месец на август и половината на септември биле користени овие резерви за комерцијални потреби. “ изјави Бислимоски кој посочи дека Рке ќе продолжи да работи согласно законите. И дека настанот што се случи нема да ја поколеба РКЕ да работиме исклучиво водејќи се по словото на законот.

Слични содржини