Бислимоски не очекува недостаток на нафта и нафтени деривати

од Nikola Popovski

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информира дека не се очекува недостаток на нафта и нафтени деривати во С. Македонија.

-Мерката што во неделата ја донесе Европската Унија се однесува на дизелот, екстра лесното масло, мазутот и керозинот, но таа не може да се одрази врз С. Македонија поради тоа што и во изминатите години ние не сме увезувале руски дизел, порача Бислимоски.

Тој информира дека најголемиот дел од готовите нафтени деривати, односно дизелот, околу 90%, го набавуваме од Грција, каде што руската нафта имаше многу мало влијание.

-На ниво на ЕУ потребите за обезбедување руски дизел беа околу 15% или околу 720-730 долари за тон. Сега Унијата ќе прави централизирана набавка, со цел да си ги намали трошоците за транспорт, и веќе има склучено договори за набавка на дизел, во најголема мерка со Кувајт.

Во наредните десетина дена ќе следиме што ќе се случува на берзите и дали ќе има зголемени трошоци за транспорт кај компаниите, но не очекувам сериозни импликации на цената на дизелот во наредниот период. По вчерашниот ден, кога почна да се применува мерката, на Медитеранската берза имаше намалување на цената на дизелот, појасни Бислимоски.

Слични содржини