Оној дел кој што е најбитен и се однесува на домаќинствата и најголем дел од малите потрошувачи, кај делот од мрежарината, како и преносот и дистрибуцијата, имаме намалување за 7%, рече првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски за понудите со цената со која ќе се снабдува универзалниот снабдувач и околу формирањето на новата цена на струјата која треба да стапи на сила од 1-ви јануари 2025 година.
Во однос на просечните цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68%, при што влијанието на крајната цена е 4%. Цената за дистрибуција се намалува за 5,52%, а влијанието на крајната цена изнесува 33%. Цената на операторот на пазарот се зголемува за 19,8%, каде што влијанието е многу мало и изнесува само 0,19%.
Според Бислимоски, не се очекува поголемо покачување на просечната цена на струјата кај домаќинствата, односно не очекува да биде поголема од еден процент.
Дел од мрежарината кои што го плаќаат домаќинствата и 90% од малите потрошувачи се намалува за 7%. По носењето на овие одлуки, ЕВН Хоум како универзален снабдувач до РКЕ ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и за малите потрошувачи.