Бислимоски: Не постои никаква нова давачка за електрична енергија

од Берта Китинска

Не постои никаква нова давачка за електрична енергија. Кога ќе се собере трошокот за електрична енергија на пример за првиот блок и ќе се собере трошокот за мрежарината ќе се добие вкупна цена за електрична енергија како што било претходно. Има само една вистина, а тоа е дека нема никаква нова давачка, туку во новите сметки граѓаните добиваат цена за електрична енергија како продукт и цена за користење на мрежарината. Оваа пракса ја има во сите земји членки на ЕУ, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски коментирајќи ги шпекулациите што во изминатиот период се појавија за воведување на нова давачка за пренос и дистрибуција.

-Откога се наплаќа електрична енергија во Македонија некаде од педесеттите отсекогаш се плаќало за производство на електрична енергија или за набавка доколку имало потреба од увоз, за пренос на електрична енергија за да помине електричната енергија низ преносната мрежа која што е на висок напон од 110 киловолти до 400 киловолти и се плаќало за дистрибуција на електрична енергија. Со последните одлуки на РКЕ нашето законодавство и нашите одлуки ги усогласивме со европската пракса и сега граѓаните добиваат посебна цена за електричната енергија како продукт и цената за секој блок за да знаат колку ги чини електричната енергија и добиваат посебна ставка за користење на преносната и дистрибутивната мрежа, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Слични содржини