Бислимоски: Охридски „Водовод“ бара водата да поскапи за 70%

од Nikola Popovski
181 прегледи

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски информира дека ги разгледуваат барањата на кочанскиот, ресенскиот и охридскиот „Водовод“ за поскапување на сметките за вода.

-Во Охрид, нивното барање за зголемување на водата е од околу 70%. Треба пред да го поднесеш барањето да мислиш. Што да направиме? Да ја зголемиме цената за 70% за да може јавните претпријатија да бидат фабрики за вработување? И до кај ќе тераме? На крај ќе немаме вода, вели Бислимоски.

Додава дека оставаат на „Водовод Скопје“ и нивниот управен одбор да донесе одлука врз основа на нивната предлог одлука, а потоа таа треба да се испрати до советот на Град Скопје каде што се носи конечна одлука.

-Јас верувам дека ова ќе биде поука за сите останати јавни комунални претпријатија дека, кога ќе поднесат барање, треба да останат на тоа барање, а не да политизираат. Ние ниту се скривме позади нашата одлука и нашата одлука ја донесовме во рамките на една нормала, порачува првиот регулатор.

Бислимоски потенцира дека барањето за поскапување на водата е поднесено од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на ноември минатата година.

-Фактите се јасни – ние донесовме одлука согласно нивното барање. Тие бараа минималната цена да биде околу 30, а максималната 57 денари, дециден е Бислимоски.

Слични содржини