Бислимоски по ставот на Мицкоски за неговиот брат и поскапувањето на струјата: Не е пријатно да се слуша за блиски луѓе, секогаш сум избегнувал да се занимавам со членови на семејства

„Кога се носи релативно добра вест, политичарите секогаш се заинтересирани да ја кажат први, а кога се носеле тешки одлуки, сите се тргаат на страна и ја оставаат РКЕ“, вели Бислимоски

од Nikola Popovski
39 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инфомакс

Откако премиерот Христијан Мицкоски го спомна неговото име по поскапувањето на струјата, но и името на неговиот брат кој стана дел од новиот Централен одбор на СДСМ, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски реагира дека неговиот брат е дипломиран правник и има своја успешна кариера.

-Тоа е негова лична одлука и се надевам дека ќе ја извршува како што замислува и како што посакува. Не е пријатно да се слуша за блиски луѓе од фамилијата, и секогаш сум избегнувал, на некој начин сум јавна личност, да не се занимавам со фамилии, со членови на семејства. Едноставно, сакам да зборувам за струката и за тоа што сум назначен, рече Бислимоски во емисијата „360 степени“ на МРТ.

Првиот човек на РКЕ информира дека по потекло се од Галичник по татко, а по мајка од Лазарополе.

-Големи фамилии сме и од едната и од другата страна, имаме и специфично презиме и имаме роднини коишто се од различни партии. Се сакаме, се почитуваме, сите роднини, од тој крај сме, од мијачкиот, си уживаме налето и во Галичник и во Лазарополе, и тоа е тоа, информира Бислимоски, додавајќи на критиките на премиерот дека „кога се носи релативно добра вест, политичарите секогаш се заинтересирани да ја кажат први“.

-Но, кога се носеле тешки одлуки, на пример, кога сме зголемувале цени во текот на енергетската криза, особено во делот на топлинската енергија неколку пати за 10, за 15 проценти, тогаш сите се тргаат настрана и ја оставаат Регулаторната комисија за енергетика, тврди Бислимоски за поскапувањето на струјата.

На последната седница за пратенички прашања, Мицкоски возврати дека СДСМ манипулирала со бројки за поскапувањето, најавувајќи зголемувања од 5 и 10 проценти, а на крај цената пораснала за нешто над 2 проценти.

„Ова прашање можеби најдобро ќе ви го одговори новиот член на вашиот Извршен комитет, господинот Бислимоски, брат на претседателот на Регулаторната комисија. Регулаторната комисија е независно тело, не знам зошто мене ми го поставувате ова прашање“, рече, меѓу другото, Мицкоски од собраниската говорница, обраќајки се до претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Слични содржини