Бислимоски: Поради фотоволтаиците, во периодот кога беше најскапа електричната енергија имаме најевтина струја

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Во периодот кога беше најскапа електричната енергија поради фотоволтаиците имаме најевтина струја. Оттука, можно е ако покажат така пресметките да се врати дневната евтина струја. Од тоа најголема придобивка ќе имаат пензионерите кои се дома и кои многу внимаваат на тоа како се троши струјата а освен тоа најредовно ги плаќаа сметките во време на ковид-пандемијата и ја одржуваа ликвидноста на ЕСМ, вели Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24.

Според Бислимоски, таква евентуална промена би се случила на 1 јули кога вообичаено се прават промени на цените на енергетските услуги. Евтината струја секој ден ЕСМ го чинеше 16 милиони евра годишно, вели Бислимоски.

-Ова што се случува со обемноста на изградбата на фотоволтаици не се случува само во Македонија туку и во целиот регион. Освен тоа, компаниите инвестираа во енергетски ефикасни начини на производство. Оттука, може да се случи во летен период да имаме цени на струјата блиски до нула па дури и во минус, вели Бислимоски.

Слични содржини