Бислимоски: Поскапување на струјата нема да има до крајот на годината

од Берта Китинска
293 прегледи

Постои проблем со цените на електричната енергија и природен гас во цела Европа, во наредниот период што следи може да се очекува одредени држави пред се своето домашно производство да го користат за свои потреби, но пак ќе има трансакции на пазарот на електрична енергија и тоа ќе функционира, изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

-. Во делот на природниот гас, пак, кога ќе се зголеми испораката на присодниот гас од Русија, горе доле ќе се стабилизира цената со присодниот гас а со тоа ќе се стабилизира и цената со ел енергија. Ова не е проблем само во нашата земја, туку во цела Европа и веќе и евроипската комисија и нашата влада превземаат меркисо цел да се стабилизира ситуацијата соп ел енергија и природн иот гас. Во однос на цената едно е сигурни, поскапување нема да има до крајот на годината. Колку за пример за да се види како драстично се менуваат состојбите, по најавата на Путин дека ќе ја зголеми испоракта на природен гас преку Украина, цената на електричната енергија на берзата во ХУПЕКС се намали на 20 проценти, кажа Бислимоски.

Слични содржини