Бислимоски реизбран за прв човек на РКЕ

од Nikola Popovski
330 прегледи

Собранието денеска ја продолжи 120.седница со дебата за Предлогот за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Македонија. Притоа досегашниот претседател Марко Бислимоски доби поддршка од пратениците за втор мандат за прв човек на РЕК.

За членови на ова тело беа избрани Александар Чеботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.

Пратениците од опозицијата искажаа незадоволство од кандидатите предложени за претседател и членови на Регулаторната комисија. Според нив правичната застапеност во Комисијата е нарушена, бидејќи речиси половина од вработените се Македонци и Албанци, а нема ниту еден припадник на други заедници.

Мандатот на претседателот на РКЕ трае пет години.

Слични содржини