Бислимоски: РКЕ е во постапка за одземање на лиценците на БЕГ -нема да се одрази на граѓаните

од Берта Китинска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност, информира денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој појасни дека одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните ниту индустријата.

-За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар, рече Бислимоски.

Слични содржини